Покани и известувања

Соопштение до јавноста

Со цел да се информира целокупната македонска јавност, а во врска со ценовникот за користење на услугите на Националната арена Филип Втори должни сме да Ве известиме дека Одборот на Директори на Акционерското друштво веќе усвои заклучок за преиспитување на цените уште на почетокот на месец ноември.  

Оваа одлука на Одборот на Директори е доставена до Владата на Република Македонија така што прашањето околу утврдувањето на цените, Владата ќе го  разгледува на седница на Генерален колегиум на 06.12.2017 година,

По конечно одлучување од страна на Владата на РМ, сите засегнати субјекти за користење на Националната Арена ќе бидат уредно известени за цените на Арената и сите досега настанати недоразбирања околу ценовникот заеднички ќе бидат надминати.

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката како општествено одговорен субјект останува на ставот за заштита и афирмација на спортот во Република Македонија.

Со Почит,

Генерален Директор на АДСДП

М-р Кристијан Трајковски

Адреса и Локација