Огласи во тек

Оглас за доделување на договор за јавна набавка број 4/2018 (21.05.2018)

Детали за набавката

 

Предмет на договорот за јавна набавка:

Изработка на проектна докумeнтација за објект Б-4 Лозов Расадник ул. „Питу Гули“ во Свети Николе

Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка:

Изработка на комплетна проектна
документација идеен проект, проекти за дислокација на постоечки подземни инсталации, проект за
подготвителни работи и основен проект со сите фази за изградба на објект Б-4 Лозов Расадник ул.
„Питу Гули“’ во Свети Николе со социјални станови, со катност П+4, на КП 9284, КО Св. Николе, ГП
Б4, ДУП Дел од М3 „3“ „Лозов Расадник“ и Ревизија на комплетна проектна документација по сите
фази, извршена од реномирано лиценцирано правно лице за вршење ревизија (избрано од страна на
Извршителот во согласност со Нарачателот). Проектната документација треба да биде изработена врз
основа на Изводот од ДУП, Проектната програма потпишана од Нарачателот, одобрениот идеен
проект, Елаборатот за нумерички податоци, Елаборатот за геомеханички истражни работи, Законот за
просторно и урбанистичкото планирање и неговите подзаконски акти, Законот за градење и неговите
подзаконски акти, Законот за домување, Правилникот за стандарди и нормативи за проектирање на
објекти, Правилникот за Енергетска ефикасност на градежни објекти, Правилникот за содржината на
проектите, означувањето на проектот, начинот на заверка на проектот од страна на одговорните лица и
начинот на користење на електронските записи и други важечки законски прописи врзани за
предметот на набавката. Набавката исто така опфаќа обезбедување на согласности од надлежни
институции за Проектите за подземни инсталации и поднесување на потребна документација до субјект
кој врши научно истражувачка дејност – научен институт специјализиран во областа на заштита на
градби од сеизмички влијанија за обезбедување позитивно Мислење за проектираниот степен на
механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата. При изработката на проектната
документација треба да се применуваат рационални современи и издржани решенија.

Адреса и Локација