Покани и известувања

Соопштение

 

Генералниот директор, М-р Кристијан Трајковски по стапување на функцијата, а во врска со регулирањето на правата за користење на топловодната мрежа во Скопје, формираше работна група, која имаше за цел да го утврди правниот статус на мрежата и начинот на нејзиното користење.

Врз основа на спроведените анализи, кои ќе подлежат и на дополнително анализирање, се утврди дека Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор од значење за Републиката ја има добиено топловодната диструбитивна мрежа во Скопје, врз основа на одредбите од Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, односно како правен следбеник на Агенцијата за приватизација.

Имено, со оглед дека Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал предвидувал дека не може да биде предмет на трансформација делот кој е во служба на општ јавен интерес, тогашната топловодна диструбитивна мрежа е превземена од Агенцијата за приватизација, чиј правен следбеник, како што и веќе напоменавме е ова АД.

Врз основа на ваквата фактичка состојба, Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор од значење за Републиката во 2012 година веднаш по губењето на лиценцата за вршење на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија на АД ТОПЛИФИКАЦИЈА, по претходна постапка ја користи Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје, кое правно лице со Одлука на Регулаторната комисија за енергетика има добиено лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија.

Оттука, неспорно произлегува дека Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор врз основа на закон, ја добила топлинската мрежа и со неа, како совесен сопственик, стопанисува изминативе години.

Дотолку повеќе, што Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор од значење за Републиката изминатиов период ги има преземено сите законски мерки за легализација на оваа мрежа.

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор од значење за Републиката, силно ја поддржува Владата на РМ да согласно обврските кои Република Македонија ги има преземено за имплементација на Директивите и Регулативите од Третиот пакет енергетско законодавство за електрична енергија и природен гас, како и имплементација и на останатите директиви и регулативи од областа на енергетиката, согласно ратификуваниот Договор за основање на Енергетската заедница, законски го уреди пазарот на топлинска енергија, кој во изминативе десет години е заборавен.

Новиот закон треба да биде во согласност со досегашните закони, особено со Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, на јасен начин да ја определи постапката под која ова АД како стопанственик на топловодната мрежа ќе ја дава под наем на лиценцираните правни лица за дистрибуција на топлинска енергија, но и попрецизно ќе го регулира пазарот на топлинска енергија.

Напоменуваме, дека во отсуство на законско решение на регулирање на пазарот на топлинската енергија, во кое ќе учествуваат сите засегнати страни, постои висок ризик граѓаните во престојната грејна сезона да претрпат штети, односно во најлош случај да биде прекинат процесот на испораката на толплинска енергија до крајните корисници.

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор од значење за Републиката како одговорен правен субјект, општествено насочен кон граѓаните, ќе продолжи со заложбите достојно да се почитува законот.

                                                                                                                                                                                           

 

Кабинет на Генерален директор     

Адреса и Локација