Огласи во тек

Оглас за доделување на договор за јавна набавка број 24/2018(03.09.2018)

Детали за набавката

 

Предмет на договорот за јавна набавка:

Набавка на услуга за тековно одржување и сервисирање на лифтови и лифтовски постројки.

Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка:

: Месечни прегледи за одржување и сервисирање на лифтови и лифтовски постројки во станбени објекти со кои стопанисува Акционерското друштво за стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката, според спецификација за градовите- Скопје, Битола, Ресен, Демир Хисар, Охрид, Прилеп, Кичево, Кочани, Берово, Македонска Каменица, Делчево, Штип, Кавадарци и Велес. • Согласно член 20 од „Правилникот за користење и одржување на лифтови и транспортери“ (Сл.Весник на РМ бр.26/09) редовното одржување и сервисирање на лифтови и лифтовски постројки во станбени објекти со кои стопанисува Акционерското друштво за стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката, се врши еднаш месечно и ги опфаќа активностите согласно спецификацијата дадена во прилог, за градовите- Скопје, Битола, Ресен, Демир Хисар, Охрид, Прилеп, Кичево, Кочани, Берово, , Македонска Каменица, Делчево, Штип, Кавадарци и Велес. • Давателот на услуга се обврзува да врши преглед и истовремено и квалитетно да ги оддржува и сервисира лифтовите кои се предмет на овој договор и тоа - Еднаш месечно да изврши преглед на постројките на лифтовите, кои се предмет на договорот, преглед и контрола на сигурносните елементи како и на работата на лифтот - Отстранување на застои - Да интервенира на повик на корисникот на услугата максимум 24 часа по повикот и услугите да ги врши најдоцна за 2 дена - Да биде подготвен да интервенира во тек на сите 24 часа од денот, вклучувајќи и неработни денови и државни и верски празници. - И сите други работи предвидени со член 20 од Правилникот за користење на лифтови и транспортери

 

Краен рок за поднесување на понуди е 26.09.2018 година

 

Адреса и Локација