Покани и известувања

26.09.2018 Плакета- благодарница за Генералниот Директор на АДСДП

Националниот Сојуз на Глуви и Наглуви на РМ на 28.09.2018 (петок) му додели плакета- благодарница на Генералниот Директор на АДСДП – Кристијан Трајковски за придонес во Сојузот. Донацијата од Акионерското друштво е за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката- Скопје е искористена за организирање на Манифестацијата ’’ 70 години постоење на Националниот Сојуз на Глуви и Наглуви на РМ ’’.

„Се заблагодарувам за оваа плакета од мое лично име , од името на менаџменот на АДСДП како и од Претседателот на Одборот на Директори и членовите ’’ , рече г- динот Трајковски. Тој додаде дека Акционерското Друштво и понатаму ќе излегува во пресрет на потребите на Сојузот и секогаш ќе нуди помош во насока на организирање на идни вакви манифестации, секако во рамки на можностите.

Според Генералниот Секретар на Националниот Сојуз на Глуви и Наглуви на РМ - Лиза Велковска , секоја помош е добредојдена за оваа категорија граѓани, посочувајќи ја во оваа прилика многу пати до сега докажаната општествена одговорност на АДСДП.