Покани и известувања

Паркиралиштето Центар исчистено од стара и исушена дрвна површина

Во заедничка акција на АДСДП и Јавното комунално претпријатие „Паркови и зеленило ’’- Скопје на ден   04.10.2018 (четврток) беше исчистено Паркиралиштето „ Центар’’ (наспроти хотелот „Holiday Inn) од дел од дрвната површина. Станува збор за стари, исушени дрвја, гранки и грмушки кои го отежнуваа приодот на возилата, но претставуваа и потенцијална опасност по безбедноста на автомобилите на корисниците на нашиот паркинг . Дрвјата се исечени со Решение на Град Скопје, а на просторот ќе бидат посадени нови.Уредувањето на овој , но и на останатите наши паркиралишта и понатаму ќе биде еден од приоритетите на АДСДП.