Покани и известувања

ПОВИК

Согласно член 89-а од Законот за трансформација на претпријатија со општествен капитал, Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје води евиденција на објектите кои не се опфатени во постапката за трансформација и приватизација на претпријатијата со општествен капитал, на територија на Република Македонија и поранешните југословенски републики.

Согласно наведеното ги повикуваме сите физички и правни лица кои имаат сознанија за непријавен имот во процесот на трансформација и приватизација на претпријатијата со општествен капитал, да се обратат во просториите на Акционерското Друштво на ул.,,Орце Николов,, бр.138 или на меил адресата на Секторот за деловни средства по основ на трансформација Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , со цел укажување на постоење на непријавен имот во процесот на трансформација и приватизација на претпријатијата со општествен капитал.

Адреса и Локација