ИСТОРИЈАТ

ИСТОРИЈАТ НА ФИРМАТА

 

Историјат на трансформациите на фирмата од еден во друг организациски облик:

 

• Дирекцијата за станбена и комунална изградба на град Скопје 01.03.1961 година,
• Заводот за станбено-комунално стопанисување од 23.08.1965 година,
• Самоуправната интересна заедница на станувањето на град Скопје
27.05.1976 година,
• Здружената самоуправна интересна заедница на станувањето на град Скопје
ЦО Скопје 19.06.1976 година,
• “Работна организација за организирање на изградбата на Град Скопје”-Ц.О Скопје 10.02.1987 година,
• “Претпријатие за уредување и изградба на Градот Скопје Ц.О Скопје” – „ПУИГ“ 29.12.1989 година,
• Јавното Претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија ЦО Скопје 27.05.1994 година,
• “Претпријатие за уредување и изградба на Градот Скопје Ц.О Скопје” – „ПУИГ“ се припојува кон Јавното Претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија ЦО Скопје 20.01.1995 година,
• На 03.06.2011 година Јавното Претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија се трансформира со основање на две нови друштва:
Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката-Скопје
Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост.

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката-Скопје е основано на ден 05.04.2011 година и е упишано во Централен Регистар на Република Македонија со Решение бр. 03-14/1 од 03.06.2011 година.