БИТОЛА

Понуда на станови во Битола, објект Довлеџик 2 на ул. ЈНА бр. 11, 13 и 15

Надворешен изглед на зградата и влезот

Внатрешен изглед на становите

Кликнете врз сликите за да ја погледнете галеријата со фотографии од објектот.

Нашата компанија нуди станови во Битола и тоа во објектот Довлеџик 2, ламела 2 и 3.

Колективната станбена зграда Д2 се наоѓа во Битола на КП бр.5876/5 и 5876/8 КО Битола во населба Довлеџик на ул. ЈНА бр.11, 13 и 15.

Станбената зграда е изградена од 2 ламели, ламела 2 на ул. ЈНА бр. 11 со катна висина П+5+По и ламела 3 на ул. ЈНА бр.13 и 15 со катна висина П+6+По.

Вкупниот број на станови во трите ламели изнесува 149 стана.

На располагање за продажба имаме останати 6 изградени станбени единици со подруми со површина од 35 до 85 м2

Ориентацијата на објектот е северо-исток и југо-запад.

Конструктивно и технички објектот е изграден по сите важечки стандарди и прописи.

Објектот има ИЛ бр.92423 заведен во Агенцијата за катастар на недвижности.

Паркирањето е обезбедено на паркиралиште на ниво на терен во рамките на градежната парцела.

 

Напомена: Становите се продаваат исклучиво со објавување на оглас, по пат на усно позитивно јавно наддавање. Почетните цени на становите се објавуваат во рамки на огласот. Нашата компанија објавува огласи во редовни интервали а за да проверите дали во моментов има активен оглас кликнете ТУКА.

 

Локација на објектот

 

Основни податоци за становите од ламела 2

Р. бр.Вл езКатСт. бр.Бр. со биОри ентНет стан. пов. (м2)Редуц. повр. лоѓа (м2)Редуц. повр. баллоѓ (м2)Редуц. површ. бал. (м2)Вкуп. прод. повр. (м2)Шема
1 2/1 ПР 6 2 СИ 56 3,94 / 0,91 60,85

Основни податоци за становите од ламела 3

Р. бр.Вл езКатСт. бр.Бр. со биОри ентНет стан. пов. (м2)Редуц. повр. лоѓа (м2)Редуц. повр. баллоѓ (м2)Редуц. повр. бал. (м2)Вкуп. прод. повр. (м2)Шема
1 3/1 4 24 2 СИ 57 2,28 / 0,32 59,60
2 3/1 5 30 2 СИ 57 2,28 / 0,32 59,60
3 3/1 6 36 2 СИ 57 2,28 / 0,32 59,60
4 3/2 6 41 2 СИ 57 2,28 / 0,32 59,60

Локација на објектот „Довлеџик 2“