Разловечко Востание

Катна гаража „Разловечко востание“ - Скопје

Катната Гаража "Разловечко востание"-Скопје се наоѓа на аголот на Булеварите Филип Втори Македонски и Мирче Ацев. Деловниот простор и гаражниот дел од објектот се третирани како два независни сегменти од градбата.

Гаражниот дел е ориентиран према Булеварот Мирче Ацев од каде што се наоѓа влезот и излезот во и од катната гаража додека деловниот дел од објектот е ориентиран кон двата булевари и сервисната улица од јужната страна на објектот. Гаражниот дел е со капацитет од 516 паркинг места сместени на 22 полунивои и е со висина од 28,80 м на највисокото паркинг ниво.

Деловниот простор се состои од подрум, приземје и пет ката, катовите се идентични сем петтиот кат кој е вовлечен и е со помала површина. Во деловните простории кои се наоѓаат во приземје и во подрум се влегува од аголот на двата булевари, додека во деловниот простор сместен на катовите се влегува преку приземје од јужната страна на објектот. Од јужната страна на објектот е сместен и резервен излез од подрумскиот дел на објектот.

Локација: ул. „Мирче Ацев“ број 2 Општина Центар Град Скопје (наспроти „Градски трговски центар“)

Број на паркинг места: 516 паркинг места сместени на 22 полунивоа и е со висина од 28,80 м на највисокото паркинг ниво 

 

Ценовник на услуги и надоместоци за користење на просторот на катната гаража „Разловечко востание - Скопје

Промотивни цени

  • Паркинг карта за паркирање за 1 час: 30 денари
  • Месечна паркинг карта за физички лица: 1.000 денари
  • Месечна паркинг карта за правни лица: 2.000 денари

Трошокот за издавање на картицата изнесува 200 денари во моментот на плаќањето и истиот паѓа на товар на корисникот

Број на трансакциона с-ка: 200002809866504 Стопанска банка АД - Скопје

Барање за картичка

 

Кликнете на сликите за да ја погледнете галеријата

Локација на објектот

 

Адреса и Локација