Солунски Конгрес

Катна гаража „Солунски Конгрес“ - Скопје

Објектот - Катна гаража „СОЛУНСКИ КОНГРЕС“ представува архитектонско-инженерски објект во кој се вградени најсовремени технологии за автоматско паркирање односно гаражирање на лесни моторни возила и представува интелегентен еколошки паркинг простор со капацитет од 280 паркинг места, сместени во едно подземно ниво, девет надземни и едно полу ниво каде што се е препуштено на електрониката и високата технологија и е еден од ретките од овој тип на Балканскиот полуостров и воопшто во Југоисточна Европа.

Објектот е снабден со висока технологија за паркирање со влезно излезни теминал, терминали за предавање на возилата, наплатен терминал, информативен систем за следење на процесот на превземање на возилото и идентификација на слободен лифт, како и паркинг менаџмент сервер кој е централниот“ дел на ,,паркинг менаџмент“ системот.

Објектот покрај што е наменет за паркирање во себе содржи и деловни содржини, во приземјето – кафе ресторан и во поткровјето – ресторан видиковец со вкупна површина од 1.283,80 м2.

Локација: ул. „1740“ бр. 11 (ул.„Кеј 13 Ноември“ бб) Општина Центар Град Скопје (во непосредна близина на објектот на МЕПСО и Шалтер сала на Македонски пошти)

Број на паркинг места: 280 паркинг места, сместени во едно подземно ниво, девет надземни и едно полу ниво, паркирањето е со автоматизиран систем

 

 

Ценовник на услуги и надоместоци за користење на просторот на катната гаража

Промотивни цени

  • Паркинг карта за паркирање за 1 час: 30 денари
  • Месечна паркинг карта за физички лица: 1.000 денари
  • Месечна паркинг карта за правни лица: 3.000 денари
  • Годишна паркинг карта за физички лица: 10.000 денари
  • Годишна паркинг карта за правни лица:   30.000 денари

 

Ценовникот се однесува за паркирање на Катна гаража "Разловечко Востание",Катна гаража "Кресненско Востание",Катна гаража "Солунски Конгрес" и "Паркиралиште Центар" во Скопје:

За користење на три катни гаражи

месечен надоместок за физички лица ..................................2.000 денари со ДДВ

годишен надоместок за физички лица ................................ 25.000 денари со ДДВ

месечен надоместок за правни лица .................................. .4.000 денари со ДДВ

годишен надоместок за правни лица ................................ ..40.000 денари со ДДВ

изработка на универзална чип картичка .................................250 денари со ДДВ

За користење на две  катни гаражи паркинг Центар

месечен надоместок за физички лица ..................................2.500 денари со ДДВ

годишен надоместок за физички лица ................................ 25.000 денари со ДДВ

месечен надоместок за правни лица .................................. .4.000 денари со ДДВ

годишен надоместок за правни лица .................................. 25.000 денари со ДДВ

изработка на универзална чип картичка .................................250 денари со ДДВ

За користење на три  катни гаражи паркинг Центар

месечен надоместок за физички лица ..................................3.000 денари со ДДВ

годишен надоместок за физички лица ................................ 30.000 денари со ДДВ

месечен надоместок за правни лица .................................. .5.500 денари со ДДВ

годишен надоместок за правни лица ................................: 55.000 денари со ДДВ

изработка на универзална чип картичка .................................250 денари со ДДВ

Трошокот за издавање на картицата изнесува 220 денари во моментот на плаќањето и истиот паѓа на товар на корисникот

Број на трансакциона с-ка: 200002809647478 Стопанска банка АД - Скопје

Барање за картичка

 

Кликнете на сликата за да ја погледнете галеријата

Локација на објектот

 

Адреса и Локација