КГ „Солунски конгрес“ - Скопје

Катна гаража „Солунски Конгрес“ - Скопје

Објектот - Катна гаража „СОЛУНСКИ КОНГРЕС“ представува архитектонско-инженерски објект во кој се вградени најсовремени технологии за автоматско паркирање односно гаражирање на лесни моторни возила и представува интелегентен еколошки паркинг простор со капацитет од 280 паркинг места, сместени во едно подземно ниво, девет надземни и едно полу ниво каде што се е препуштено на електрониката и високата технологија и е еден од ретките од овој тип на Балканскиот полуостров и воопшто во Југоисточна Европа.

Објектот е снабден со висока технологија за паркирање со влезно излезни теминал, терминали за предавање на возилата, наплатен терминал, информативен систем за следење на процесот на превземање на возилото и идентификација на слободен лифт, како и паркинг менаџмент сервер кој е централниот“ дел на ,,паркинг менаџмент“ системот.

Објектот покрај што е наменет за паркирање во себе содржи и деловни содржини, во приземјето – кафе ресторан и во поткровјето – ресторан видиковец со вкупна површина од 1.283,80 м2.

Локација: ул. „1740“ бр. 11 (ул.„Кеј 13 Ноември“ бб) Општина Центар Град Скопје (во непосредна близина на објектот на МЕПСО и Шалтер сала на Македонски пошти)

Број на паркинг места: 280 паркинг места, сместени во едно подземно ниво, девет надземни и едно полу ниво, паркирањето е со автоматизиран систем

 

 

Ценовник на услуги и надоместоци за користење на просторот на катната гаража

Промотивни цени

  • Паркинг карта за паркирање за 1 час: 30 денари
  • Месечна паркинг карта за физички лица: 1.000 денари
  • Месечна паркинг карта за правни лица: 3.000 денари

Трошокот за издавање на картицата изнесува 200 денари во моментот на плаќањето и истиот паѓа на товар на корисникот

Број на трансакциона с-ка: 200002809647478 Стопанска банка АД - Скопје

Барање за картичка

 

Кликнете на сликата за да ја погледнете галеријата

Локација на објектот