КГ „Разловечко востание“ - деловен простор

Понуда на деловните простории лоцирани во катната гаража "Разловечко востание"-Скопје

Надворешен изглед на катната гаража и влезовите во објектот

Ентериери на деловните простории

Кликнете врз сликите за да ја погледнете галеријата од надворешниот изглед и влезовите во објектот, како и со ентериерот на деловните простории.

Катната Гаража "Разловечко востание"-Скопје се наоѓа на аголот на Булеварите Филип Втори Македонски и Мирче Ацев. Деловниот простор и гаражниот дел од објектот се третирани како два независни сегменти од градбата.

Гаражниот дел е ориентиран према Булеварот Мирче Ацев од каде што се наоѓа влезот и излезот во и од катната гаража додека деловниот дел од објектот е ориентиран кон двата булевари и сервисната улица од јужната страна на објектот. Гаражниот дел е со капацитет од 516 паркинг места сместени на 22 полунивои и е со висина од 28,80 м на највисокото паркинг ниво.

Деловниот простор се состои од подрум, приземје и пет ката, катовите се идентични сем петтиот кат кој е вовлечен и е со помала површина. Во деловните простории кои се наоѓаат во приземје и во подрум се влегува од аголот на двата булевари, додека во деловниот простор сместен на катовите се влегува преку приземје од јужната страна на објектот. Од јужната страна на објектот е сместен и резервен излез од подрумскиот дел на објектот.

Основни податоци за секој од деловните простории што ги нудимe

Р.бројОпштинаИмотен лист / КПАдреса  и бр. на деловен просторНивоЛокал бр.Површина м2 ШемаСлики
1 Центар И.Л 105253 Мирче Ацев 2 подрум 1 191 |+| 
3 Центар И.Л 105253 Мирче Ацев 2 приземје 4 136 |+|

Локација на објектот