ДЕЈНОСТ

ПРЕДМЕТ НА РАБОТЕЊЕ НА ДРУШТВОТО СЕ ДЕЈНОСТИТЕ ШТО СЕ ОДНЕСУВААТ НА ИЗГРАДБА И СТОПАНИСУВАЊЕ СО СТАНБЕНИОТ ПРОСТОР И СО ДЕЛОВНИОТ ПРОСТОР ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА РЕПУБЛИКАТА

- Подобрување на условите за стопанисување во постојните станбени згради и станови;
- Утврдување на висината на закупот, склучување на договори за закуп на станбен простор и за деловен простор од значење за Републиката;
- Стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката;
- Водење на единствена евиденција на станбениот простор и деловниот простор од значење за Републиката;
- Поттикнување на развојот и изградбата на инфраструктурата за домување;
- Изградба, реновирање и одржување на станови за непрофитно домување;
- Изградба и продажба на станови и деловен простор за пазар;
- Инвестиционно и тековно одржување на станбениот и деловниот простор;
- Организирање и изградба на станбен и деловен простор каде што инвеститор е Република Македонија;
- Реализира годишна програма за изградба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Македонија, на Владата на Република Македонија со која се утврдува особено: изградба на станови за лица во социјален ризик и други ранливи групи; изградба на станбен и деловен простор наменет за продажба; стопанисување со станбен и деловен простор; инвестиционно и тековно одржување на станбен и деловен простор, подобрување на условите на домување во постојните станбени згради и станови; утврдување на висината на закупот и политиката на склучување на договори за закуп на станбен и деловен простор; водење на единствена евиденција на станбен и деловен простор со кој стопанисува и организирање и изградба на станбен и деловен простор каде што инвеститор е Република Македонија;
- Работи околу уредување и подготвување на градежно земјиште за градба и поместување на постојните објекти; санациски работи; организација на изградба на станбени објекти; инсталации; надзор при изградба и слично, уредување и одржување на улици и собраќајници, уредување и одржување на паркови, зелени и рекреациони површини; комерцијални работи во остварување на функцијата во прометот на услуги;

Адреса и Локација