Архива на јавни набавки

Оглас за доделување на 0договор за јавна набавка број 11/2016 (22.07.2016) (4)

Детали за набавката

Предмет на договорот за јавна набавка:

Набавка на услуга за тековно одржување и сервисирање на паркинг системот за регулирање влез и излез од паркиралишта со кои стопанисува АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката- Скопје

Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка:

Набавка на услуга за тековно одржување и сервисирање на паркинг системот за регулирање на влез и излез од паркиралишта со кои стопанисува АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката- Скопје односно одржување на паркинг системот за регулирање на влезно-излезен терминал, наплатна станица, вертикална сигнализација (семафори) на паркиралиште.

Огласот за доделување на договор за јавна набавка број 11/2016 е објавен на веб страната на Бирото за јавни набавки ТУКА.

Понудите да се достават најдоцна до 11.08.2016 во 10.00 часот

Оглас за доделување на договор за јавна набавка број 13/2016 (22.07.2016)

Детали за набавката

Предмет на договорот за јавна набавка:

Градежни, градежно занатски и инсталатерски работи за обезбедување услови за одржување на УЕФА Супер Купот во фудбал во Август 2017 година на Национална Арена Филип II Македонски во Скопје.

Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка:

Договор за јавна набавка на градежни, градежно занатски и инсталатерски работи за обезбедување услови за одржување на УЕФА супер купот во фудбал во Август 2017година на Национална Арена Филип II Македонски во Скопје произлезени од: -Дополнување на основниот проект за изградба на Национална Арена Филип II Македонски во Скопје и -Проектот за Адаптација на Национална Арена Филип II Македонски во Скопје Со прифаќање на номинацијата Република Македонија и Градот Скопје да бидат домаќини на УЕФА Супер Купот во фудбал – Август 2017 година, на Национална Арена Филип II Македонски – Скопје, Владата на Република Македонија на својата Сто и единаесеттата седница, одржана на 13.10.2015 година и на Стоиосумнаесеттата седница одржана на 10.11.2015, донесе повеке Заклучоци со кои АД за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор од значење на Републиката – Скопје, го обврзува да ги утврди приоритетните фази на изградба за обезбедување на просторни и технички услови за одржување на УЕФА Супер Купот во фудбал, да го утврди обемот на измени и дополнување на техничката документација и да започне со постапка за измена и дополнување согласно позитивните законски прописи на Република Македонија, да подготви акциски план со конкретни рокови за преземање на сите потребни активности во врска со Национална Арена Филип II Македонски согласно барањата на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) и други. За исполнување на Заклучоците донесени од Владата на Република Македонија АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката – Скопје, спроведе постапка за јавна набавка за изработка на проектна документација за обезбедување услови за одржување на УЕФА Супер Купот во фудбал – Август 2017 година, на Национална Арена Филип II Македонски – Скопје,

Огласот за доделување на договор за јавна набавка број 13/2016 е објавен на веб страната на Бирото за јавни набавки ТУКА.

Понудите да се достават најдоцна до 11.08.2016 во 10.00 часот

 

Оглас за доделување на договор за јавна набавка број 5/2016 (04.05.2016) (2)

Детали за набавката

Предмет на договорот за јавна набавка:

Набавка на канцелариски материјали.

Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка:

Набавка и испорака на стоки-канцелариски материјали, со одложено плаќање и тоа: фотокопирна хартија, пенкала, моливи, калкулатори, обрасци, папки и друг потрошен канцелариски материјал по претходни писмени порачки за потребите на АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката-Скопје, сукцесивно во текот на една година, согласно описот и количините дадени во Спецификацијата.

Огласот за доделување на договор за јавна набавка број 5/2016 е објавен на веб страната на Бирото за јавни набавки ТУКА.

Понудите да се достават најдоцна до 25.05.2016 во 10.00 часот

 

Оглас за доделување на договор за јавна набавка број 26/2015 (21.01.2016)

Детали за набавката

Предмет на договорот за јавна набавка:

Градежни работи за изградба на станбено деловен објект 3.9 Реонски центар Аеродром во Скопје.

Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка:

Количините на работи се дефинирани како изведба на градежни, градежно занатски, занатски, инсталатерски и други работи за изградба на станбено деловен објект 3.9 Реонски центар Аеродром во Скопје, утврдени во предмерот за тендерска документација, изработен од Проектантот ТДПИК „Прима Инженеринг“ ДОО, Скопје.

Огласот за доделување на договор за јавна набавка број 26/2015 е објавен на веб страната на Бирото за јавни набавки ТУКА.

Понудите да се достават најдоцна до 10.02.2016 во 10.00 часот

 

Оглас за доделување на договор за јавна набавка број 1-18/2015 (18.01.2015) (2)

Детали за набавката

Предмет на договорот за јавна набавка:

Изградба на вреловоден приклучок за објект Комплекс Источна индустриска зона, Објект 3.1 во Скопје

Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка:

Изградба на вреловоден приклучок за станбено деловен објект 3.1 Комплекс Источна индустриска зона во Скопје. Количините на работи се дефинирани како изведба на градежни и машински работи утврдени во предмерот за тендерската документација.

Огласот за доделување на договор за јавна набавка број 1-17/2015 е објавен на веб страната на Бирото за јавни набавки ТКА.

Понудите да се достават најдоцна до 28.01.2016 во 10.00 часот

 

Адреса и Локација