Покани и известувања

05.10.2016 ОТВОРЕН ДЕН СО ГРАЃАНИТЕ

                 

 ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

 

 

 

Генералниот Директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката-Скопје, г-дин Цветко Грозданов во периодот кој следи ќе остварува средби со жителите од подрачјата на Подружниците на Акционерското Друштво.

На овие средби, граѓаните ќе имаат можност да се запознаат поблиску со станбената политика на Друштвото во насока:

  • Изградба на станови наменети за социјално ранливи групи;

  • Издавање на станови, сопственост на Република Македонија (станови наменети за социјално ранливи групи)

  • Откуп на станови , сопственост на Република Македонија, од различни категории (општествени станови, станови кои се користат од лица без соодветен акт за доделување и користење на станот,  станови градени по Програма за лица со ниски приуходи ФП 1340, станови кои се користат со решенија за закуп со право на откуп)

  • Продажба на комерцијални станови (локација, цена, начин и постапка за продажба)

Воедно, граѓаните кои за заинтересирани да закупат или откупат деловен простор, сопственост на Република Македонија, а со кој стопанисува Акционерското друштво ќе можат да се запознаат со :

  • Слободни  деловни простории за издавање под закуп (постапка за издавање под закуп, почетна цена, времетраење на договорот за закуп, услови и можност за продолжување на договорот за закуп)

  • Слободни деловни  простории наменети за продажба (постапка за продажба, почетна цена)

Се повикуваат сите граѓани, заинтересирани за горенаведените прашања да присуствуваат на средбите и да земат активно учество со свои прашања и предлози за остварување взаемна соработка со Акционерското друштво.

 

Средбите ќе се одржуваат во просториите на секоја Подружница, почнувајќи од 11 часот до 13 часот според следниот распоред:

 

Подружница Куманово, 05.10.2016 година                           Подружница Тетово, 21.10.2016 година

Подружница Охрид,  07.10.2016 година                                Подружница Кавадарци, 26.10.2016 година

Подружница Битола, 12.10. 2016 година                               Подружница Прилеп, 28.10.2016 година

Подружница Кичево, 14.10.2016 година                                Подружница Штип,    31.10.2016 година

Подружница Кочани,  17.10.2016 година                               Подружница Струмица, 02.11.2016 година  

Подружница Велес, 19.10.2016 година                                   Подружница Скопје,  04.11.2016 година

20.05.2016 Надминат проблемот со социјалните станови во Прилеп

Надминат проблемот со социјалните станови во Прилеп. Директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката - Скопје Цветко Грозданов

Кликнете врз сликите за да ја погледнете галеријата

Почитувани,

Директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката - Скопје Цветко Грозданов, заедно со министрите за транспорт и врски и труд и социјална политика Владо Мисајловски и Диме Спасов денеска во Прилеп се сретнаа со добитниците на социјални станови кои досега во повеќе наврати бараа да им се доделат решенијата за користење на социјалните станови.

Решен е проблемот со распределбата на 119 социјални станови во Прилеп, Ресен и Демир Хисар. По добивањето на решенијата и поминувањето на рокот за жалба ќе следи потпишување на договори по што семејствата набрзо ќе ги добијат клучевите и ќе се вселат во становите.

Прес конференција 18.05.2016-ЗАПАДНА трибина во „Национална Арена Филип II Македонски" во Скопје со почеток во 11:30 ч.

Ве покануваме да го посетите нашиот изложбен простор на саемот за промоција на проектот „Купи куќа купи стан“.

Кликнете врз сликите за да ја погледнете галеријата

Покана
 
Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со  деловен простор од значење на Републиката Ве поканува на прес конференција којa ќе се одржи ДЕНЕС 18.05.2016 година (СРЕДА) на атлетската патека на ЗАПАДНА трибина во „Национална Арена Филип II Македонски" во Скопје  со почеток во 11:30 часот.
 Тема на прес конференцијата: „Национална Арена Филип II Македонски" .
 На поставените прашања ќе одговара Генералниот Директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката Г-дин Цветко Грозданов.
 
Пристап:   Службен влез под СЕВЕРНА трибина 

09.05.2016 Извршен е увид во изградбата на зграда наменета за лица од социјален ризик во Гостивар

Извршен е увид во изградбата на зградата наменета за лица од социјален ризик во Гостивар

Кликнете врз сликите за да ја погледнете галеријата

Почитувани,

Генералниот директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката, г-динот Цветко Грозданов, придружуван од Министерот за транспорт и врски г-динот Владо Мисајловски, денес изврши увид во изградбата на зградата наменета за лица од социјален ризик во Гостивар.

Зградата се гради во рамките на проектот за домување на социјално ранливи групи Ф/П 1674. Се работи за објектот Тоскалар А2 5 и 6 со 70 стана, катност на објектот е приземје + 4 ката. Инвестицијата е вредна околу 84 милиони денари и се очекува да биде завршена за две години.

„Динамиката на изградба се реализира и пред предвидените рокови.“

„Во наредниот период ќе започнеме со изградба на вкупно 579 станови во Виница, Пехчево, Скопје, Свети Николе, Струмица и Пробиштип. Досега во рамките на програмата за лицата од социјален ризик се изградени 14 згради со вкупно 678 станови“ - истакна директорот Грозданов.

22.02.2016 Распределени 18 социјални станови во Ресен

Осумнаесет семејства од социјален ризик од општина Ресен денеска добија државни станови во зградата на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката

Кликнете врз сликите за да ја погледнете галеријата

Почитувани,

Осумнаесет семејства од социјален ризик од општина Ресен денеска добија државни станови во зградата на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката.

На настанот присуствуваа директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски.

Зградата, според директорот Грозаданов е направена по сите ИСО стандарди и со енергетска ефикасност,а станарите за закупника ќе плаќаат симболична сума од 15 денари за метар квадратен.

- По прелеминарното извлекување и по дефинитивната листа оние кои ќе добијат решение за користењето на становите и ќе склучат договор со нашето Акционерското друштво, можам да укажам дека закупнината е транспарентна и ќе биде 15 денари по метар квадратен. Нашето аАкционерското друштво се обврзува и понатака да ја одржуваа оваа зграда, односно сите аномалии што ќе се јават од забот на времето, како прокиснување во тек на годините, навремено да ги санкционираме за станарите да имаат одлични услови да егзистираат и да ги објавуваат сопствените потребите и потребите на семејството, рече Грозданов

Владата, нагласи тој, не престанува тука, согласно потребите ќе продолжат и понатака да градат во Ресен доколку има потреба од станови за социјално ранливи категории.

Адреса и Локација